Сочни лазањи
Денешниот ручек- сочни лазањи од кои домашните беа презадоволни, нивниот коментар беше никогаш поубави не биле.
Во тава се става маслиново масло, се додава сецкан кромид и се пропржува.
Се додава месото, се зачинува и се пржи се додека не испари течноста.
Во 150 мл вода се става доматното пире, се промешува и се става во месото.
Нека крчка се додека не испари течноста.
Се додаваат сецканите шампињони.
Убаво се соединува.
Сега во касерола се ставаат путерот и маслиновото масло.
Се додава брашното и се пржи многу кратко.
Потоа се додаваат млекото и јогуртот и се вари на тивко до згуснување.
Се зачинува со морско оревче, зачин.
Листовите лазањи се потопуваат во ладна вода да одстојат 15 минути.
Потоа се процедуваат од водата.
На дното на ватростален сад се става 1-2 капки масло, 3
листа лазањи, фил од месо, танки кругови црвен домат, бешамел сос, 4 листа кашкавал.
постапката се повторува се додека не се потроши материјалот.
Одозгора се прелива со остатокот од бешамел сос, се редат парчиња кашкавал, па шери домати и се печат околу 35 минути на 200 степени.
Уживајте во прекрасниот вкус.
Лиценца: Сите права се задржани