Најпајпрво ги лупиме праските и ги сечеме на тркала, ги посипуваме со 3 супени лажици шеќер и ги оставаме. Јајцата пенесто ги матиме со 250 гр шеќер и потоа го додаваме млекото, зејтинот, брашното, пецивото и ванилата. Мешаме убаво и пола од смесата ја истураме во тавче обложено со хартија и ставаме да се пече.
Во преостанатата смеса го додаваме какаото.
Врз печениот прв дел ос смесата ги редиме праските, а водата што ја испуштиле ја фрламе, врз праските го ставаме кафениот дел од тестото и ја враќаме во рерна да се допече, јас си проверувам со чепкалка кога е печена. Готовиот колач го посипуваме со прав шеќер.
Чашата што ја користев за мерки е од 150 мл или видете на дополнителните слики исто собира и филџан за кафе.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови