Солени осумки (од готови кори)
Супер идеја за брзински топол доручек или вечера. Може да си ги комбинирате со различни филови и полнења и да добиете коктел од вкусови. Подготовката е следна.
1. Вклучете ја рерната на 180 степени да се загрева додека ги припремате овие солени осумки. Во подлабок сад за матење скршете ги јајцата, додадете прстофат сол и матете со миксер да станат пенести. Додајте ја во садот киселата павлака, маслото и прашокот за пециво. Повторно со миксер убаво соединете ја смесата.
2. Земете една кора и преку целата површина со готварска четка нанесете од подготвената смеса со јајца. На почетокот од кората ставете рендана шунка ( или друго сувомеснато по свој вкус) и свиткајте ролат. Соединете ги краевите на ролатот ( како круг) и уште еднаш преклопете во средината за да добиете осумка.
3. Повторувајте ја истата постапка додека да ги потрошите сите кори и фил. Редете ги така добиените осумки во тава за печење. Премачкајте ја горната страна на секоја осумка со дел од филот и наросете сусам, ким, лелено семе...... Врз нив изрендајте малку путер и печете во загреана рерна 12-15 минути, односно додека да добијат златно жолта коричка.
Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
прекрасни, браво!
одат две нули по улица и сретнуваат осмица.
- види ја сељанка, опнала каиш :D :D :D :D