Се пржи кромидот и лукот на зејтин, се додаваат ренданите тиквички додека не испари водата. Јас немам трпение и ја цедам порано. Се остава на страна да се олади.

Се матат три јајца со малку сол (не со миксер). Се додава брашното, тиквицките и зејтинот. Се меша пополека и се става во модла. Јас правам дупла доза секогаш.

Се пече на 160 степени околу 45 минути. Се служи со кисело млеко или  кечап.

Многу брзо и едноставно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани