2
апр
2014
Солена торта зукини
Се пржи кромидот и лукот на зејтин, се додаваат ренданите тиквички додека не испари водата. Јас немам трпение и ја цедам порано. Се остава на страна да се олади.
Се матат три јајца со малку сол (не со миксер). Се додава брашното, тиквицките и зејтинот. Се меша пополека и се става во модла. Јас правам дупла доза секогаш.
Се пече на 160 степени околу 45 минути. Се служи со кисело млеко или кечап.
Многу брзо и едноставно.
Лиценца: Сите права се задржани