1. Во сад се ставаат јајцата, сол и бибер и се мати со миксер.
2. Потоа се додаваат млеко и масло.
3. Во еден сад соединуваме брашно, пециво, сирење, праз, морков, блитва.  Се ситно сецкано да е и со лажица ги соединуваме состојките.
4. Вака подготвени ги додаваме кај јајцата. Со шпатула соединуваме.
5. Смесата ја истураме во тава, бр 22 или правоаголна 20х20, израмнуваме, посипуваме сусам и лен.

6. Печеме околу 35 минути, на 180 с.

Оставаме да се излади, па сечеме на парчиња и сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани