
4
апр
2012
Солена лења пита
Во сад ги ставаме јајцата, солта и пецивото и ги разматуваме со вилушка. Потоа ги додаваме јогуртот и зејтинот. Разматуваме и ги додаваме сирењето претходно издробено,шунката исецкана на ситни коцки и празот исецкан. Разматуваме убаво и го додаваме брашното. Кога сите состојки убаво ќе се соединат смесата ја ставаме во тава број 26 и ставаме да се пече во загреана релна 20-30 минути. Кога ке се излади лења питата ја сечеме на коцки и послужуваме.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови