Солена пита
Состојки
- 3 јајце
- 1лажиче сол
- 1/4лажиче бибер
- 120мл млеко
- 120мл јогурт
- 9лажици брашно
- 1 пециво
- 1лажица младо сирење
- 1 сецкан морков
- 4,5 листови блитва
- 1/3 страк праз
- Сусам и лен
Подготовка
1. Во сад се ставаат јајцата, сол и бибер и се мати со миксер.
2. Потоа се додаваат млеко и масло.
3. Во еден сад соединуваме брашно, пециво, сирење, праз, морков, блитва. Се ситно сецкано да е и со лажица ги соединуваме состојките.
4. Вака подготвени ги додаваме кај јајцата. Со шпатула соединуваме.
5. Смесата ја истураме во тава, бр 22 или правоаголна 20х20, израмнуваме, посипуваме сусам и лен.
6. Печеме околу 35 минути, на 180 с.
Оставаме да се излади, па сечеме на парчиња и сервираме.