Вкусни и декоративни солени панделчиња, со убав фил.
1.Од наведените состојки се замесува средно меко тесто. Се остава на топло место да дуплира волумен.
2. Потоа се отвора тенка правоаголна кора. Се премачкува со омекнатиот маргарин и се витка во ролат. Се сечи на три дела. Се става во длабоко замрзнување околу 30 мин.
3. За тоа време го подготвуваме филот. Спанаќот го миеме убаво, дробиме, посолуваме, гмечиме со дланки и ја цедиме течноста. Ја додаваме изварката, посолена по вкус и јајцето. Убаво промешуваме и соединуваме.
4.Тестото го вадиме од замрзнувач. Од секој дел отвораме правоаголна кора, не многу тенка, се гледа на дополнителните фотографии. На средина, по должина, ставаме од филот, а странично сечиме ленти. Лентите ги врзуваме како панделка над филот. Се премачкуваат со разматена жолчка и се наросуваат со сусам.
5.Се киснат ролатите кратко време, 10-15 мин.
6.Се печат во загреана рерна на 200 степени додека убаво поруменат
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани