19
фев
2015
Соини плескавици
Едноставни, здрави , вкусни малку поинакви плескавици.
Прво соините трошки се потопуваат во вода да одстојат 10 минути.
Потоа се процедуваат од водата.
Се ставаат во еден сад и се додаваат кромидот, пиперката, зачините и сите останати состојки.
Убаво со рака се измесува смесата.
Се остава во фрижидер околу 30 минути за да се спојат вкусовите..
По потреба може да се додаде презла.
Кај мене вака беше сосема во ред и слободно можев да формирам мали плескавички.
Се редат на чинија, па се пржат на загреано масло на умерен оган.
Се редат на хартиени салфети и се сервираат со сезонска салата.
Лиценца: Сите права се задржани