Испечати

Соини плескавици

Соини плескавици

Состојки

  • 200гр соини трошки
  • 1 главица сецкан кромид
  • 1 црвена сецкана пиперка
  • 1 јајце
  • 1 лажица гриз
  • 2 лажици брашно
  • 2-3 лажици презла
  • магдонос, сол, бибер, лен, зачин,семе од коприва,масло за пржење

Подготовка

Едноставни, здрави , вкусни малку поинакви плескавици.

Прво соините трошки се потопуваат во вода да одстојат 10 минути.
Потоа се процедуваат од водата.
Се ставаат во еден сад и се додаваат кромидот, пиперката, зачините и сите останати состојки.
Убаво со рака се измесува смесата.
Се остава во фрижидер околу 30 минути за да се спојат вкусовите..
По потреба може да се додаде презла.
Кај мене вака беше сосема во ред и слободно можев да формирам мали плескавички.
Се редат на чинија, па се пржат на загреано масло на умерен оган.
Се редат на хартиени салфети и се сервираат со сезонска салата.