Подготовка

1. Сите состојки за основата ги обработуваме во процесор за храна, додека да добиеме еднолична смеса. Ги натапкуваме на дното на калап за чизкејк (20цм). Оставаме во фрижидер.
2. Сите состојки за темниот фил ги обработуваме во блендер, додека да добиеме совршено кремаста и мазна смеса. Го додаваме добиениот фил во калапот врз основата и оставаме во замрзнувач еден час.
3. За карамелот ги додаваме сите состојки во подлабок сад и мешаме до соединување. Премачкуваме врз темниот фил и враќаме во замрзнувач, додека го подготвуваме светлиот фил.
4. Сите состојки за светлиот фил ги додаваме во блендер и обработуваме додека да добиеме мазен фил. Го додаваме филот врз карамелот и оставаме во замрзнувач преку ноќ.
5. За преливот сите состојки ги додаваме во огноотпорен сад и ги загреваме на пареа до целосно растопување. Оставаме да се олади 15-20 минути, а потоа го вадиме чизкејкот од замрзнувач, го отстрануваме од калапот и го истураме преливот одозгора. По желба може да се декорира со сецкани печени кикирики. Оставете го околу еден час на собна температура пред сечење. Потоа чувајте го во фрижидер.

*кокосовото млеко мора да биде цврсто, најдобро е да биде отстојано во фрижидер барем една ноќ пред употреба

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани