Испечати

Сникерс чизкејк (веган)

Сникерс чизкејк (веган)

Состојки

  • Основа
  • 150г бадеми
  • 8 урми (без семки)
  • 2 лажици путер од кикирики
  • пола лажичка сол
  • Темен фил
  • 120г индиски ореви (омекнати во вода преку ноќ)
  • 1 конзерва кокосово млеко (само цврстиот дел)
  • 50г путер од кикирики
  • 5 лажици јаворов сируп
  • 4 лажици кокосово масло (во црвста состојба)
  • 1 лажица сок од лимон
  • прстофат сол
  • Карамел
  • 50г путер од кикирики
  • 4 лажици јаворов сируп
  • 20г сецкани печени кикирики
  • пола лажичка сол
  • Светол фил
  • 120г индиски ореви (омекнати во вода преку ноќ)
  • 1 конзерва кокосово млеко (цврстиот дел)
  • 5 лажици јаворов сируп
  • 3 лажици кокосово масло (во цврста состојба)
  • 1 лажица лимонов слок
  • 1 лажица ванила арома (опционално)
  • Прелив
  • 50г путер од кикирики
  • 30г темно чоколадо
  • 1 лажица путер од лешник (опционално)
  • 2 лажици јаворов сируп (опционално)

Подготовка

Подготовка

1. Сите состојки за основата ги обработуваме во процесор за храна, додека да добиеме еднолична смеса. Ги натапкуваме на дното на калап за чизкејк (20цм). Оставаме во фрижидер.
2. Сите состојки за темниот фил ги обработуваме во блендер, додека да добиеме совршено кремаста и мазна смеса. Го додаваме добиениот фил во калапот врз основата и оставаме во замрзнувач еден час.
3. За карамелот ги додаваме сите состојки во подлабок сад и мешаме до соединување. Премачкуваме врз темниот фил и враќаме во замрзнувач, додека го подготвуваме светлиот фил.
4. Сите состојки за светлиот фил ги додаваме во блендер и обработуваме додека да добиеме мазен фил. Го додаваме филот врз карамелот и оставаме во замрзнувач преку ноќ.
5. За преливот сите состојки ги додаваме во огноотпорен сад и ги загреваме на пареа до целосно растопување. Оставаме да се олади 15-20 минути, а потоа го вадиме чизкејкот од замрзнувач, го отстрануваме од калапот и го истураме преливот одозгора. По желба може да се декорира со сецкани печени кикирики. Оставете го околу еден час на собна температура пред сечење. Потоа чувајте го во фрижидер.

*кокосовото млеко мора да биде цврсто, најдобро е да биде отстојано во фрижидер барем една ноќ пред употреба

На здравје!