Снежен Ванила Ролат
1. За Кора- се мешаат јајцата со шеќерот убаво со миксер, потоа се додава брашното, какаото, пецивото и ванилиниот шеќер и се меша со лажица. На крај се додава млаката вода и се размешува. Се пече во ава од 40х40 обложена со хартија за печење.
2. За Фил- во загреано млеко се вари пудингот, претходно размешан со малку ладно млеко, жолчките од јајца, густинот и 6 лажици шеќер. Кога ќе се згусти се трга од оган и се додава 100 грама бело чоколадо за готвење и се остава да се лади. Маргаринот за готвење се меша заедно со шеќерот во прав и се додава во изладениот фил. На крај се додава 1 кесичка ванилин шеќер или може екстракт од ванила.
Филот се нанесува на кората и се мота во ролат со помош на намокрена крпа. Останатиот фил се нанесува и се размачкува врз ролатот а потоа се нанесува шлаг кремот
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор-Сподели под исти услови