
7
сеп
2015
Слатко од диви смокви
Смоквите се мијат, се варат 6 пати во 6 различни води, до зовривање на водите. Се фрла и последната вода.
Од шеќерот и водата се прави редок шербет и се додаваат смоквите, лимонот и ванилиниот шеќер.
Се вари уште 1 ч. и 30 мин. на тивок оган и се промешува од време на време.
Свареното слатко се остава една ноќ покриено со влажна крпа за смоквите да примат од шербетот. Наредниот ден се прибира во тегли.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови