Слатко од вишни
Вишните измиете ги, исчистете ги од коските и ставете ги во тенџере во кое ќе го варите слаткото.
Покријте ги со шеќерот и малку промешајте ги, протресете го тенџерето. Оставете ги така саат два и ставете ги да се варат.
Се вари отприлика 45 минути, а ќе проверите дали е готово, капнете од шербетот на тањирче, ако не се разлева тогаш е готово.
Пената во текот на варењето вадете ја.
Оставете го тенџерето настрана покриено со влажна кујнска крпа. Нека стои така триесетина минути.
Вратете го повторно на оган, нека вари уште некоја минута и соберете го врело во топли тегли. Превртете ги теглите со капаците надолу и чувајте ги така додека се оладат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови