10
јун
2020
Сладолед со слатко од трендафил, бадеми и ореви
Едноставен начин за подготовка на домашен и вкусен сладолед.
Подготовка
Изматете го шлаг кремот.
Во блендер измешајте ја павлаката и слаткото од трендафил, а потоа смесата соединете ја со изматениот шлаг крем.
Ставете го сладоледот да се замрзни
Сервирајте го сладоледот во чаша со бадеми и ореви и ставете одозгора како прелив од слаткото по малку.
Забелешка
Слаткото од трендафил може да го замените со вашето омилено слатко.
Лиценца: Сите права се задржани