Сладок десерт во чаша
Овој вкусен кремаст десерт произлезе од идејата да се потроши путерот од кикирики кој остана (зашто ставив нешто повеќе кикирики во правењето). И како што знам да си смислувам по нешто, така испадна и овој десерт кој самата си го изнабендисав, посебно спојот на путерот од кикирики со чоколадото ... за мој вкус преубаво ...
* Прво направив шлаг пена, потоа го сварив пудингот од ванила по упатството за да биде и тој спремен, а понатаму во чашата ставив
- 3 лажици пудиг (жежок)
- 1 кршена бисквита
- пак 3 лажици (жежок) пудинг
- сечкано млечно чоколадо
- путер од кикирики
- мед
- шлаг пена
- сечкано млечно чоколадо
- сечкана карамела
- путер од кикирики
- шлаг пена
Потоа следеше декорација со чоколадо, мед, сечкани кикирики. Нормално изборот и комбинациите може да се прават по желба и вкус.
Ова беше уште едно искуство на слатки вкусови.
Лиценца: Сите права се задржани