Испечати

Сладок десерт во чаша

Сладок десерт во чаша

Состојки

  • 6 лажици пудинг од ванила (сварен)
  • 1 бисквита
  • 20 гр. млечно чоколадо
  • 4 лажици путер од кикирики
  • 25 гр. мед
  • 1 -2 сечкани карамели (млечни)
  • шлаг пена или слатка павлака, ситно сечкани кикирики (несолени)

Подготовка

Овој вкусен кремаст десерт произлезе од идејата да се потроши путерот од кикирики кој остана (зашто ставив нешто повеќе кикирики во правењето). И како што знам да си смислувам по нешто, така испадна и овој десерт кој самата си го изнабендисав, посебно спојот на путерот од кикирики со чоколадото ... за мој вкус преубаво ...

* Прво направив шлаг пена, потоа го сварив пудингот од ванила по упатството за да биде и тој спремен, а понатаму во чашата ставив
- 3 лажици пудиг (жежок)
- 1 кршена бисквита
- пак 3 лажици (жежок) пудинг
- сечкано млечно чоколадо
- путер од кикирики
- мед
- шлаг пена
- сечкано млечно чоколадо
- сечкана карамела
- путер од кикирики
- шлаг пена
Потоа следеше декорација со чоколадо, мед, сечкани кикирики. Нормално изборот и комбинациите може да се прават по желба и вкус.
Ова беше уште едно искуство на слатки вкусови.