Славска погача
Со оваа погача сакам да ви дадам само една (од многуте) идеи како може да се припреми славска погача. Ни предстојат многу празници, би било убаво да се дочекаат на потрадиционален начин и да се најде една ваква погача на нашата трпеза.
Од сите состојки се замесува средно тесто, нешто слично како кога замесуваме леб. Одкако ќе надојди се дели на едно големо парче тесто кое ќе биде на средина во погачата. Околу него се паравт осум помали топчиња и се редат околу големото. Од преостанатото тесто правиме две долги ленти, ги сукаме со рака и ги плетиме, ги ставаме околу малите топчиња. Фигурите во зависност од моменталната инспирација така и ги правиме. Симболично ставав фигури кои ќе означат здравје, плодност, љубов и мир. Се прават од брашно сол и вода, додадов и прехрамбена боја.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови