22
мар
2015
Скуша со Аиоли сос за риба
Прво да го подготвиме сосот.
Во сад за миксирање ги ставаме сите состојки....
лукот, сенфот, маслото,шеќерот, солта, оцедот и јајцето.Миксираме 5 минути со прекин. Добиваме прекрасен сос за риби.
Скушата ја чистиме и ја миеме. Ја посолуваме и ја валкаме во брашно, па ја пржиме во фестиво тавата. Можете и да ја направите на скара, уште поубава е.
Пржете ја бавно на потивок оган да не се изгори одма и да се залепи за тавата. Кога е готова, послужете ја со пржен компир, салата и со овој прекрасен сос.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови