27
сеп
2014
Сендвич со малиџано
Сендвичов настана случајно, но вкусот остана уникатен. Кога човек е гладен, се му текнува.
После работа, бевме толку уморни што не* мрзеше да направиме било каков ручек. Отидовме во Веро и купивме малиџано, ѕаѕики и багет.
Дојдовме дома, сваривме две јајца и ја измивме марулата. Почнавме да го редиме сендвичот во две половинки багет - прво, малку марула, па малиџано, малку зелка сечкана, парчиња варено јајце и од горе ѕаѕики.
Ручек брз ко Гонзалез и многу вкусен.
Ова е само една од многуте идеи за брз и евтин ручек кои може да ги направите кога сте во теснец со време.
Лиценца: Сите права се задржани