11
авг
2015
Сендвичи со питаброд
Прво пилешкото бело месо се зачинува со мешавина од италијански зачини, сол, бибер.
Нека се маринира 30 минути.
Излупените компири се сечат на танки парчиња и се пржат во загреано масло.
Доматите и краставицата се сечат на танки парчиња.
Питаброд се засекува во средината да се добие џеб.
На малку маслиново масло во тава на Делимано се печи пилешкото месо од двете страни.готово се реди на тајнир.
Во џебовите се става пилешко печено месо, помфрит, домат, краставица, сенф, кромид по вкус..... и се крка, се ужива во убавиот вкус.
Лиценца: Сите права се задржани