Испечати

Сендвичи со питаброд

Сендвичи со питаброд

Состојки

  • 8 лепињи-питаброд
  • 4 парчиња пилешки стек-исечени на половина
  • 2 црвени зрели домати
  • 4 излупени компири
  • 1 краставица
  • мешавина италијански зачини, сол, бибер, масло, сенф, кечап по вкус

Подготовка

Прво пилешкото бело месо се зачинува со мешавина од италијански зачини, сол, бибер.
Нека се маринира 30 минути.
Излупените компири се сечат на танки парчиња и се пржат во загреано масло.
Доматите и краставицата се сечат на танки парчиња.
Питаброд се засекува во средината да се добие џеб.
На малку маслиново масло во тава на Делимано се печи пилешкото месо од двете страни.готово се реди на тајнир.
Во џебовите се става пилешко печено месо, помфрит, домат, краставица, сенф, кромид по вкус..... и се крка, се ужива во убавиот вкус.