Селско месо приготвено од три вида месо и шампињони.

1. Прво на меленото телешко месо му се додава половина главица ситно исечен кромид,1 јајце, сол, оригано и 1 парче двопек ,претходно натопено со малку млеко. Од ова правиме смеса и од неа мали ќофтиња(со големина на орев). Ќофтињата ги пржиме на зејтин да заруменат од сите страни.

2. Исеченото свинско месо на коцки, го пржиме неколку минути на зејтин. Го додаваме и пилешкото месо исечено на коцки и заедно ги пржиме додека да испари течноста што ја пуштила месото. На крај ги додаваме и свежите печурките исечени на покрупни парчиња. Додаваме сол, црн бибер, црвен пипер и оставаме да се пржат.

3.На страна се запржува исечениот кромид, сувите пиперки и младиот лук. Кога ќе се запржат се додава ситно сечен домат. Ова се додава кон месото и печурките, се додаваат во тавата и ќофтињата, се полева со бело вино и се става во рерна да се пече околу 1 час.

4.Откако е печено селското месо,  ја вадиме тавата од рерна и одозгора ја посипуваме со рендан кашкавал. Ја враќаме тавата во рерна колку да се стопи кашкавалот.

Селското месо веднаш го служиме топло.На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови