Селско месо(со три видови месо и печурки)
Состојки
- Состојки
- 400 гр свинско месо од врат
- 400 гр пилешко месо
- 400 гр телешко месо(мелено)
- 400 гр печурки шампињони
- 1 главица кромид
- 2 суви црвени пиперки
- 2 млади лукчиња
- 100 гр кашкавал
- 1 домат
- 250 мл бело вино
- Додатоци за подготовка на ќофтињата
- 1/2 главица кромид
- 1 парче двопек
- 4 лажици млеко
- 1 јајце
- 1/2 лажичка оригано
- 1/2 лажичка сол
- 2 лажици зејтин
- Потребно е уште сол, црн бибер, црвен пипер, зејтин
Подготовка
Селско месо приготвено од три вида месо и шампињони.
1. Прво на меленото телешко месо му се додава половина главица ситно исечен кромид,1 јајце, сол, оригано и 1 парче двопек ,претходно натопено со малку млеко. Од ова правиме смеса и од неа мали ќофтиња(со големина на орев). Ќофтињата ги пржиме на зејтин да заруменат од сите страни.
2. Исеченото свинско месо на коцки, го пржиме неколку минути на зејтин. Го додаваме и пилешкото месо исечено на коцки и заедно ги пржиме додека да испари течноста што ја пуштила месото. На крај ги додаваме и свежите печурките исечени на покрупни парчиња. Додаваме сол, црн бибер, црвен пипер и оставаме да се пржат.
3.На страна се запржува исечениот кромид, сувите пиперки и младиот лук. Кога ќе се запржат се додава ситно сечен домат. Ова се додава кон месото и печурките, се додаваат во тавата и ќофтињата, се полева со бело вино и се става во рерна да се пече околу 1 час.
4.Откако е печено селското месо, ја вадиме тавата од рерна и одозгора ја посипуваме со рендан кашкавал. Ја враќаме тавата во рерна колку да се стопи кашкавалот.
Селското месо веднаш го служиме топло.На здравје.