17
јан
2014
Селско мезе на мој начин
1. Кромидот ситно се сечка и се пропржува на малку масло за јадење
2. Се додава месото и пушената сланина претходно исечкани на мали коцки и се пропржува
3. Се додаваат и печурките и тие се пропржуваат до омекнување
4. Се зачинува со сите наведени зачини
5. Се додава доматното пире или кечапот
6. Се додава и виното и малку вода
7. Откако ќе проврие 5-10 минути, се става смесата во земјени тавички
8. Се реди одозгора кашкавалот во лентички
9. Се порскува со сусамот и приганото
10. Се става да се пече околу 30 мин на 200 С во загреана рерна
Ова е храна која ја подготвувам и за ручек и за вечера и често и за мезе со чаша добро бело вино.
Пријатен апетит !
Лиценца: Сите права се задржани
mariveles за одличната идеа :)