Испечати

Селско мезе на мој начин

Селско мезе на мој начин

Состојки

  • 400гр свинско каре
  • 300 гр пилешко бело месо - стек
  • 5-5 главици (помали) кромид
  • 300 гр печурки шампшињони или буковки
  • 1 лажиче јадра сол (по вкус)
  • 2 лажици мешан зачин
  • малку црн бибер
  • 100-150 мл бело вино
  • 150 мл доматно пире или кечап
  • малку кари зачин
  • 100 гр кашкавал
  • 100 гр пушена сувомесната сланина (за поубав вкус)
  • 1/2 лажиче оригано
  • 60-70 мл масло за јадење
  • 1 лажица сусам

Подготовка

1. Кромидот ситно се сечка и се пропржува на малку масло за јадење
2. Се додава месото и пушената сланина претходно исечкани на мали коцки и се пропржува
3. Се додаваат и печурките и тие се пропржуваат до омекнување
4. Се зачинува со сите наведени зачини
5. Се додава доматното пире или кечапот
6. Се додава и виното и малку вода
7. Откако ќе проврие 5-10 минути, се става смесата во земјени тавички
8. Се реди одозгора кашкавалот во лентички
9. Се порскува со сусамот и приганото
10. Се става да се пече околу 30 мин на 200 С во загреана рерна
  Ова е храна која ја подготвувам и за ручек и за вечера и често и за мезе со чаша добро бело вино.
Пријатен апетит !