18
јул
2015
Свинско во сос од кисело млеко
Кромидот се сецка и заедно со целерот се пржи. Од како ќе добие стаклеста боја се додава месото и се продолжува со пржењењто. Се додаваат и печурките и целата смеса се зачинува.
Компирот се лупи и се сецка на коцки. Коцките од месото и компирот треба да бидат со иста големина. Врз компирот се налева запржената смеса и убаво се промешува.
Киселото млеко се разматува со вилушка и се додава исецканиот рузмарин, па се полева врз смесата. Се покрива со фолија и се става на печење околу 40 минути на 220. Се одстранува фолијата и се ренда сирењето па се враќа во рерна да се запече. Брз едноставен и вкусен оброк.
Лиценца: Сите права се задржани