1
ное
2019
Свински врат со лук и вино
Едноставен начин на подготовка на свинско месо, а притоа месото е сочно и вкусно.
Прво парчињата месо се посолуваат и побиберуваат од двете страни. Во плехот ставаме зејтин околу 3 лажици и ги редиме парчињата месо едно до друго.
Чешнињата од една главица лук се ставаат во плехот мегу месото.
Се додава и неколку листови ловор, се полева виното и месото се печи на 200 степени околу 40 минути. Во текот на печењето парчињата месо се вртат и од двете страни