Можеби наизглед изгледа едноставно, но кога ќе го видите составот, ви станува јасно дека ова е совршено вкусна торта. Со секое вкусување ново прекрасно чувство на засладување.

Подготовкана бадемов бисквит
1. Ја вклучуваме рерната на 200 степени.
2. Ги двоиме жолчките од белките.
3. Белките ги матиме со шеќерот до згуснување и волуменизирање. Во нив ги ставаме жолчките една по една, матиме па го додаваме маслото. Матиме на најспората брзина на миксер.
4. Во целата смеса ги додаваме какаото, пецивото, брашното екстрактот и мелените бадеми. Со шпатула или на најспората брзина на миксер ја соединуваме смесата.
5. Во набрашнето и намрсено тавче бр. 26 ја истураме смесата и печеме околу 10 -15 минути. Пробуваме со чепкалка дали ни е печено.
6. Откако ќе се излади пандишпанот го делиме на два дела по должина.
За подготовка на филот

1. Во тенџере на средна до ниска температура го ставаме кондензираното млеко, чоколадото и путерот и мешаме додека да се соединат и растопат.
2. Желатинот го раствораме во 100 мл вода и потоа го ставаме во микровална да се растопи или пак на најниска температура на рингла.
3. Со мешање го додаваме во чоколадната смеса, соединуваме.
4. На крај ја додаваме и слатката павлака, соединуваме убаво и оставаме да се подолади (околу 1 час во фрижидер).
5. Филот го делиме на два дела и ја филуваме тортата, кора, фил, кора, фил.
Декорираме по желба и вкус.

Забелешка
Откако ја направив тортата сфатив дека идеална би била кога би се подготвуавала во калап со обрач. Филот е течен и кога ќе почне да се стега има налик на желиран пудинг и ми беше тешко да го измазнам совршено. А ако би се подготвувала во калап, само ќе се истури филот и ќе добие совршена форма откако ќе се стегне. Јас ќе го направев така ама не размислив убаво, набрзина ја правев, а и имам тава со калап од 22 см, па мислев дека ќе ми биде мала за оваа количина на фил и тесто.
Така да ако решите да ја правите и сакате идеална форма најдобро е во калап со обрач 22 или 24 број.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани