8
фев
2015
Замрзната кисела зелка
Секое зимо има свој крај, па заедно со него поминува и времето на чувањето на стасаната зелка во расолница. Пред да дозволам да фати цвет (или бело) расолницата и самата зелка, замрзнувам она што ќе ми остане, за да имам во потоплите денови од годината од истата (иако ретко ми останува).
- Затоа , на секој лист од зелката прво го отсранувам кочанот од средината и потоа секој лист го делам на два дела.
- Секој дел го виткам како сармичка (но овојпат празна) и го редам во пластична кутија, а помеѓу секој ред од листовите ставам фолија да ги одделам еден ред од друг.
- Дополнувам со расолница
- Замрзнувам
Лиценца: Сите права се задржани