На загреано масло испржете го кромидот, лукот и празот(ситно сечкани), додека омекнат, пржете на среден оган.
Кога се испржиле додадете го мелено месо, посолете и зачинете. Пржете додека месото добие боја по страните, додајте го оризот и уште малку пржете. Тргнете на страна.
Ставајте едне по еден лист на даска за сечкање во почетокот на листот од поголемата страна ставајте 1 мало лажиче од филот, од левата и десната страна соберете едно кон друго како торба и заролајте до крајот.  Не мора да ги стискате, ставајте ги во поголемо тенџере, одоздола обложено со листови зелка по потреба. Виткајте ги сите листови со филот и редете ги една до една и една над една сите сарми. Одозгора обложете уште листови зелка и налејте вода над сармите. Ставете го тенџерето на оган на средна температура, покријте и оставете да крчка додека целата вода испари и оризот се свари.По желба може да ставите на крајот запршка. Оставете да се подолади и послужете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови