Салата со пилешко
Пилешкото се сече на парчиња. Состојките за подготовка на месото се мешаат заедно и месото се маринира. Се остава така додека се загрева тавчето. Во загреаното тавче се става месото.
Кашкавалот се сече на коцки и се остава на страна. Двопекот се крши и исто се остава на страна.
Се сечат маслинките, кромидот, доматите и салатата во подлабок сад. Се промешува.
Пилешкото се превртува додека не зарумени. Пред да го извадиме внатре го додаваме кашкавалот, промешуваме и додаваме во салатата. Во истото тавче се става двопекот на веќе изгасната рингла.
Салатата се промешува и се додаваат состојките за сосот претходно измешани заедно. Се промешува и на тоа се додава двопекот. Промешуваме уште еднаш и наросуваме пармезан.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови