Испечати

Салата со пилешко

Салата со пилешко

Состојки

  • 500 гр. пилешко
  • за подготовка на пилешкото
  • 1 лажица масло
  • 2 лажички сенф
  • 1 лажичка мед
  • 1/2 лажичка црвен пипер
  • прстофат сушен лук
  • прстофат босилек
  • 1/2 лажичка зачин за пилешко
  • прстофат копар
  • за салатата
  • 1 зелена салата
  • 3 домати
  • 4 млади кромитчиња
  • 100 гр. исецкани маслинки
  • 100 гр. двопек
  • 150 гр. кашкавал
  • за сос
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 лажички сенф
  • 1 лажичка мед
  • 1/2 цеден лимон
  • 1 лажиче сол
  • прстофат зачин за салата
  • 2 лажички пармезан

Подготовка

Пилешкото се сече на парчиња. Состојките за подготовка на месото се мешаат заедно и месото се маринира. Се остава така додека се загрева тавчето. Во загреаното тавче се става месото.
Кашкавалот се сече на коцки и се остава на страна. Двопекот се крши и исто се остава на страна.
Се сечат маслинките, кромидот, доматите и салатата во подлабок сад. Се промешува.
Пилешкото се превртува додека не зарумени. Пред да го извадиме внатре го додаваме кашкавалот, промешуваме и додаваме во салатата. Во истото тавче се става двопекот на веќе изгасната рингла.
Салатата се промешува и се додаваат состојките за сосот претходно измешани заедно. Се промешува и на тоа се додава двопекот. Промешуваме уште еднаш и наросуваме пармезан.
На здравје