
30
мај
2021
Салата со макарони
Едноставна, вкусна и освежителна салата.
Подготовка:
1. Макароните ги вариме според упатството. Ги ставаме во ладна вода, ги процедувамe и ги оставаме да оладат.
2. Шунката ја сечеме на ситни коцки, исто така и киселите краставички. Истото го правиме и со кашкавалот и сирењето. Ако немате многу време, сечењето може да го направи и сецкото на Делимано.
3. Кон сите состојки ја додаваме киселата павлака и мајонезот. Mешаме се заедно и ја оставаме салатата малку во фрижидер.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови