Вкусна салата, која во овие горештини можи да замени и оброк. 

Макароните се ставаат во зовриена и солена вода да се варат.
Потоа убаво се цедат и се оставаат да се изладат.
На страна се сецка филето, јајцето, патлиџанот и сирењето на коцки.
Во длабок сад се ставаат макароните, им се додаваат исецканите состојки, па пченката-исцедена, убаво се меша.
Во една чинија се меша киселата павлака, мајонезот и сенфот. Се додава мелен црн пипер. Се соединува убаво.
Сето ова се додава во макароните.
Се меша, убаво да се поврзе.
По потреба се додава малку сол.
Се затвора со капак, се остава во фрижидер, да отстои, за убаво да се поврзат вкусовите.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани