1. Измијте ја салатата, потсушете ја и исецкајте ја. Загрејте ја рерната на 180 степени. Измијте го месото и исушете го.
2. Намачкајте го огноотпорниот сад со масло. Месото попржете го во тава, од двете страни по 2 минутки. Потоа ставете го во огноотпорен сад и печете го го во рерна околу 15 минути.
3. Од трите портокали исцедете сок. Загрејте ја мрснотијата во која се пржеше месото и додајте ги сокот од протокал, оцетот, и киселата павлака. Сосот нека проврие уште малку и зачинете го со сол, црн пипер и малку шеќер.
4. Извадете го месото од рерната и исечете го на тенки резенки. Наредете ја салатата во чинии и во нив гарнирајте ги парчињата месо со портокалите на резенки без лушпа и бадемите. Потоа прелијте со сосот.

Оваа салата ми е една од омилените, а сосот од протокал ви го препорачувам со друг вид на печено месо.

Добар апетит.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови