Подготовка
Сварете го компирот и изрендајте го.
- Цвеклото испечете го. Рецепт како да спремате вкусно печено цвекло. Изрендајте
- Сварете ги пилешките гради и исецкајте на ситно.
- Кромидот исецкајте и ставете на малку масло да се пржи, осолете и додадете бибер. Додадете кај него сварените и исецкани пилешки гради и нека продолжи уште да малку заедно да се пржат. Тргнете на страна.
Сите состојки треба да бидат оладени.
Оформување
- На чинијата на кој ќе ја спремате салатата на средината ставете чашка. Првиот слој е од компирот, поставете во круг околу чашата. Посолете и намачкајте од мајонезот или павлаката (или спојот од нив). Откако сте премачкале компирот врз овој слој наредете го пржените гради со кромидот, повторно премакајте, сега идат на ред оревите кои сте ги потпекле и крупно исецкале, повторно премачкајте со мајонез или кисела павлака, најпосле доага цвеклото. Исто и него премачкајте го со мајонез или павлака. Одозгора наредете ги зрната од калинката.
Вака спремана салатата нека одстои 1-2 часа, извадете ја чашката и веќе сте ја добиле бразлетната на Калинката.

Напомена
- Овде ви го напишав оригинал рецептот, кој дозволува секакви промени. Можете да ставите и слој од варени јајца, слој од сирење или кашкавал. 
- За да ми биде на мене полесно околу оформувањето јас компирот засебно, пилешкото засебно и цвеклото засебно ги измешав со мајонез и павлака, па ги редев еден врз друг. 
Овде е потребно повеќе зрна од калинка за да се покрие салатата. Јас ставив се што успеав да извадам од три калиники.
- Сигурно веќе видовте како се полесно чистат калинките... постапете така ( ја сечете калинката на половина, ја свртувате со пресекот надоле и со лажица удирејте врз неа - зрната сами паѓаат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани