
25
окт
2019
Руска салата без масло
Зеленчукот си го комбинирав по желба што повеќе јадат домашните. Значи било што само вкупната количина да е 8кг. 1. Се сецкаат сите зеленчуци и се става во длабок пластичен сад. 2. Водата се става во тенџере заедно со солта и шеќерот да се варат додека не се растопат. Потоа се додава киселината ии со неа кратко да поврие и се попарува зеленчукот. Се додава винобранот, конзервансот и биберот се промешува и се остава 24 часа да стои. 3. Се собира во топли тегли.