Испечати

Руска салата без масло

Руска салата без масло

Состојки

  • 8 кг зеленчук (зелка,карфиол,корнишони,зелен домат,морков)
  • 3 литра вода
  • 750 гр оцетна бела киселина
  • 250 гр крупна сол
  • 250 гр шеќер
  • 1 пакетче црн бибер во зрно
  • 1 конзерванс
  • 1 винобран

Подготовка

Зеленчукот си го комбинирав по желба што повеќе јадат домашните. Значи било што само вкупната количина да е 8кг. 1. Се сецкаат сите зеленчуци и се става во длабок пластичен сад. 2. Водата се става во тенџере заедно со солта и шеќерот да се варат додека не се растопат. Потоа се додава киселината ии со неа кратко да поврие и се попарува зеленчукот. Се додава винобранот, конзервансот и биберот се промешува и се остава 24 часа да стои. 3. Се собира во топли тегли.