Од дадените состоји се меси тесто и се остава да стаса. Додека стасува тестото се подготвува филот. Вишните и шеќерот се блендират во блендер и се стават на оган да се варат. Откога ќе зовријат се додава пудингот растворен со 4 лажици вода и се вари да згусне.
Стасаното тесто се сука во правоаголник и се премачкува со изладениот фил, се мота ролат и се сече на 12 дела. Парчињата од ролатотсе редат во калап за мафини претходно намачкан со маргарин. Се печат 25 минути на 200 степени. Изладени се посипуваат со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани