![Ролнички со сирење](https://moirecepti.mk/content/uploads/2012/07/IMGP2641.JPG-2388.jpg)
21
јул
2012
Ролнички со сирење
Брашното промешајте го со солта, додадете го зафатениот квасец (малку млеко, шеќерот и квасецот промешајте ги и оставете да запени),млекото,јајцето и маслото и замесете мазно тесто.
Оставете го покриено да се дуплира во волумен.
Поделете го на 2 дела и секој расукајте го четвртасто.
Секоја четвртина премачкајте ја со по 50 гр. стопен маргарин и посипете со сирење во кое сте измешале 1 белка.
Завиткајте 2 ролата и секој ролат поделете го на 10 ролнички.
Поредете ги во намастен плех или на хартија за печење и оставете ги 20 мин. да одморат.
Премачкајте ги со жолчка,посипете со сум и печете 20тина минута на 175 степени.
Лиценца: Сите права се задржани
Lile baknez za tebe