Подготовка
Во длабок сад го ставаме јајцата и шеќерот ги матиме малку со рачна маталка и го додаваме маргаринот кој претходно бил на собна температура. Ги додаваме и јајцата и брашното и го месиме тестото. На крај го додаваме и какаото. Тестото го месиме убаво да се соедини со какаото.
Го мотаме во најлонска фолија и оставаме во ладилник половина час. Го расукуваме на малку пробрашнета површина во правоаголник околу 1см дебелина. Го премачкуваме со Нутела и насолуваме со лешници или бадеми ( јас ставив бадеми). Го мотаме во ролна и пак го замотуваме со најлонска фолија и оставаме во ладилник 40 минути. По 40 мин го сечеме на парчиња со дебелина од 1 см и редиме во плек обложен со хартија за печење. Печеме во претходна загреена релна на 170 степени околу 12 до 15 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови