Ова е еден десерт кој е лесен за јадење и малку поинаков, но не помалку вкусен од другите ролати што зашербетените свежи смокви во средината го прават да биде таков.

1. Јајцата, ванилиниот и белиот шеќер се матат убаво 10-15 минути, се додава брашното со помешаното пециво, и топлата вода.

2. Во правоаголно тавче (32 х 22 см) обложено со хартија за печење, се истура 2/3 од тестото, а во останатата 1/3 се става рогач во прав (или какао), се мати со миксерот и се истура врз жолтото тесто со шарење. Се печи на 180 степени околу 20 минути.

3. На тестото му се вади хартијата, се става во влажна кујнска крпа и се витка во ролат. Тестото така завиткано се остава да се излади.

4. Додека се пече тестото се подготвуваат смоквите кои претходно се мијат и им се сечат дршките.
Од шеќерот и водата се вари шербет и во него се ставаат смоквите цели. Смоквите се варат во шербетот (во кој се става малку лимонтус) околу 15 минути, внимателно превртувајќи ги од двете страни рамномерно. Се ладат добро.

5. Се мати прашокот за крем шлагот со млекото, се додава крупно изренданото чоколадо, се изедначува и со него се премачкува изладената кора за ролат.

6. По должина на едниот крај на ролатот се редат шербетните смокви и внимателно се завиткува ролат.

7. За украсување се мати крем шлагот и со готварски шприц се украсува по желба, се лади малку во фрижидер и потоа се служи.

Забелешка
Ролатот е исто вкусен и со иста текстура и наредниот ден, смоквите не го менуваат својот состав поради шербетот во кој се вареа.
Шарењето со кафеното тесто го прави ролатот декоративен.
Крем шлагот со кој се премачкува тестото може да биде и со вкус на чоколадо, а и декорацијата може да е според желба, со слатка павлака, со прелиено чоколадо или како сакате.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани