Резанки со туна на италијански начин
Доколку ви се јаде превкусно јадење со туна и резанки а немате многу време ова е совршен рецепт.
Да бидам искрена овој рецепт ми е од еден италијански сајт за готвење, и јас малку го изменив, во однос на тоа што имав на располагање :)
1. Најпрво ги вариме резанките. Откако се готови ги оставаме малку да се оладат.
2. На прекрасното тавче од Делимано ставаме малку маслиново масло, го додаваме сецканиот кромид, и го запржуваме. Потоа ги додаваме кубетите, и заедно се прижиме уште малку. Откако се ова е готово ги додаваме резанките, туната, мешаниот зеленчук и промешуваме се заедно.
Најпосле наросуваме мешан зачин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови