Реденик со два типа домати
Црните патлиџани се лупат и сечат надолжно на тенки парчиња, се посолуваат и да отстојат барем 2 саати да се исцедат од горчливиот сок.
Настрана во тенџере на оган се ставаат црвените домати лупени и сецкани да се испарат од сокот, во нив се става масло, лук сечкан, магдоносот сечкан, зачините, малку презла да се пропржат
Се валкаат во брашно патлиџаните и се пржат во масло. Се оставаат на кујнска хартија да се исцедат од маснотијата
Се редат на плитка пајнца еден ред, едно до друго парче, се премачкуваатсо сосот од црвени домати, повторно се реди ред патлиџани и од сосот, се додека има. Најгоре се завршува со сос.
Оваа е посна варијанта, но одлично оди со сирење и лутко мхмх
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови