Рецептот го видов многу одамна, па го спремив неколку пати. На почетоткот малку беа скептични за патлиџанот во тестенините, но ни се допадна овој вкус.

Подготовка:

1. Ги сварив тестенините па ги исцедив. Постапката е многу едноставна, зашто редиме се едно врз друго. Јас користев длабока стаклена чинија.
2. Во неа најдоле ги ставив тестенините, а потоа сецканата ајсберг салата. Конзервата со наут ја исцедив од течноста, па ја додадов и нејзе, па ја распоредив убаво насекаде, Црвениот кромид го насецкав и него го ставив во еден ред. Така постапив и со краставицата и патлиџаните, а на крај изронив убаво овчко сиренце. Салатата ја оставив некои 15 минути да отстои, а потоа ја покрив со уште една иста чинија па полека ја превртив.
3. Не ја зачинив со ништо, оставив при сервирањето, секој да си зачини со сол и црн бибер. Маслиновото масло е при рака, па секој може да си стави колку сака. На здравје со оваа убава салата.

Забелешка: Наутот игра голема улога во оваа салата. Тој дава посебен вкус, посебна нота.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови