Рафаело штангли
Подготвка
Кора
Изматете ги белките и постепено додавајте го шеќерот. Измешајте го брашно со кокосовото и прашокот за пециво. Со лажица додадете го на белките мешајќи нежно. Печете во подлабока тава на 180 степени, вие според вашата рерна, важно е кората да остане бела. Оставете ја да се олади убаво кората па потурете со 200мл. зовриено млеко и ванила.
Фил
Измешајте ги во еден сад жолчките, пудинзите, брашното и шеќерот во 200 мл. млеко. Преостанатото 800 мл. млеко зовријте го и во него сварете ја смесата со жолчките кратко колку да згусни. Оставате убаво да се олади филот. Изматете го пенесто путерот додадете го на изладениот фил. Потоа изматете ја слатката павлака и неа додадете ја но мешајте нежно со шпатула. Истурете го филот врз кората филувајте со слатката павлака посипете со кокосот.Пред сервирање убаво изладете го.
На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани