
Рафаело топчиња
Драг вкус од детството. Има многу верзии, сигурна сум дека сите ги имате правено за некоја пригода. Јас ги правам за прв пат.
Подготовка
1. Најпрво водата и шеќерот ги оставаме да зовријат на оган. Кога ќе се стопи шеќерот, го додаваме и путерот. Кога ќе се истопи и путерот го додаваме и млекото во прав. Дел по дел, со постојано мешање, да нема грутчиња. На крај, го додаваме и кокосот, мешаме добро и тргаме од оган. Оставаме смесата добро да се олади и да се стегне во фрижидер.
2. Од смесата формираме топчиња со големина по желба. Може да додадеме бадеми/лешници во средината, па да ги извалкаме убаво во кокос. Мене повеќе ми се допаѓаат вака, па прво ги извалкав во кокос, и им втиснав по еден излупен бадем/лешник и оставив да се гледа.
Ова е релативно мала доза, излегуваат околу 25 топчиња.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани